јули 27, 2019

Охрид, 27. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – По одличниот настап од синоќа на фантастичниот Matthew Dekay, вечерва празник за сите вљубеници во електронсакта музика, сет на Nic Fanciulli во рамките на првото издание на AMANET FESTIVAL.

Nic Fanciulli припаѓа на генерацијата дј-и кои одиграа голема улога во втемелувањето на моменталниот статус на Ибица, како островот на денс и електронската музика. Неговата кариера е распослана во две декади битисување на електронската андерграунд сцена. Со својата работа на многу ралзични проекти, Nic Fanciulli отскокнува како мултиталентиран артист кој докажува дека креативноста е клучот за опстанок во оваа брзо растечка индустрија. За неговата импресивна кариера може многу да се напише, но она што е најважно е дека таа има природен раст поттикнат од љубовта кон оваа сцена и желбата истата да се сподели.

– Бидете дел од ова уникатно и незаборавно искуство и уживајте во звукот на електронската музика, порачуваат од AMANET FESTIVAL 2019.

Забавата ќе се одржи вечерва, 27-ми јули на Gradiste 2-Summer Beach Club.

СИТЕ ВО ОХРИД, Уште 9 дена СИТЕ на AMANET FESTIVAL 2019

Покрај настапот на Matthew Dekay и Nic Fanciulli, настанот за кој се бара билет повеќе се и ARTBAT, најбараниот техно акт на планетава во моментов.

Комплетната програма ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука