Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 30. степени

Охрид, 28. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес предпладне ќе биде сончево со мала облачност, а од пладневните часови од запад и од север облачноста ќе се зголемува.

Во планинските региони ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи понекаде и појава на град.

УВ индексот ќе биде 8, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 30. степени.

– Во наредниот период времето ќе се задржи топло, претпладне сончево, а во попладневните часови ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд, и само понекаде проследен со грмежи. Малку посвежо ќе биде во понеделник, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука