Охрид, 29. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Облачното време денес ја наполна охридската чаршија и во текот на денот.
Преполната чаршија, како вообичаена глетка за вечерните часови, денес можеше да се види преку целиот ден во центарот на градот.
Облачното време ги „избрка“ туристите од плажите, но затоа кафе баровите, пицериите и рестораните беа солидно исполнети.
Според метеоролозите, вакво време не очекува до среда, по што за празничниот викенд се најавуваат вистински тропски температури, кои ќе се искачат и близу 40-тиот степен. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 19