Во Охрид денес променливо облачно и температура до 27. степени
Охрид, 30. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес претпладне променливо облачно со локални врнежи од дожд, попладне облачноста ќе се намали.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено изразен вдолж Повардарието каде повремено ќе засилува.
УВ индексот има вредност 7, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 27. степени.
– Од утре следува период на многу топло време. Утре и во четврток попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд со грмежи, информираат од УХМР. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |