Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Параглајдерист од САД падна врз возило во Љубаништа

Охрид, 31. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 30-ти јули 2019 година, во 15:34 часот, во СВР Охрид било пријавено дека во охридското село Љубаништа паднал параглајдерист.

– Од страна на полициски службеници од СВР Охрид излезено е на местото на настанот и констатирано е дека во 15:20 часот, при слетување на плажата со параглајдер, 57-годишниот Д.J.Р. од САД, паднал на патничко моторно возило марка „Мицибуши“ со скопски регистарски ознаки. Д.Ј.Р. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во болницата „Св. Еразмо“. Се превземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: Tourguide.mk

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави