Забава Избор ТОП ВЕСТИ Туризам

Green Beach Festival со организиран превоз до Струга

Струга, 31. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Од Green Beach Festival информираат дека за сите посетители од Охрид е организиран превоз до Струга.

– На 1-ви и 2-ри август имаме и организиран превоз за Green Beach Festival #10 на релација Охрид-Струга-Охрид. Комбињата со ознака Green Beach Festival, ќе циркулираат во двата правци на секои 30 минути, во периодот од 22:00 до 05:00 часот. За безгрижна журка, избегнете ги гужвите за паркинг и не возете под дејство на алкохол, додаваат организаторите.

Во меѓувреме се подготвуваат последните детали за утрешното издание на 10-то издание на Green Beach Festival. Повеќе за јубилејното издание од интервјуто за Супер радио и OhridPress на Илија Куртески, проектен менаџер на Password Production. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука