Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Најпопуларната утринска емисија на Тв Телма од септември нема да оди во етерот

Скопје, 31. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Најпопуларната утринска емисија на Тв Телма од септември нема да оди во етерот, објавија водителите на официјалната Facebook страна на емисијата.

– Со најтажно срце поради вас, нас… нашата љубов и конекција која ја создадовме единствено со душа и целосно уживање, но мораме да соопштиме ? Најдраги наши пријатели, другари, почитувачи на нашата работа и на сето тоа што го правевме во изминатите 3 години сакаме да ве известиме дека Утринска на Телма од септември нема да оди во етерот. Причините се познати на менаџментот и управата на Телма телевизија. Како и да е, сакаме да ви заблагодариме за целата поддршка и љубов што постојано ја добивавме од вас. За сите заеднички кафиња наутро, за целата прекрасна енергија која взаемно си ја праќавме, за насмевките и убавините поминати во 4 часовното шоу во живо. Ние ќе наздравиме за сите вас, ќе ви посакаме да сте и понатаму така прекрасни и среќни, а со нас се гледате во некоја друга форма без разлика дали телевизиска или поинаква. Со почит и многу љубов вашите утринци: Елена, Гоце, Марко и Цеце ❤️❤️❤️❤️ P.S. Секако огромна благодарност и до целиот тим што работеше и зад камерите, во монтажа, во режија и гостите кои безрезервно и со цела душа и енергија доаѓаа во нашата емисија, порачаа водителите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Утринска на Телма

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука