Економија Избор

Караванот „Купи куќа, купи стан“ пристигнува во Охрид на 16-ти април

Охрид, 10. април 2015 (ОХРИДПРЕС) – Караванот за проектот „Купи куќа, купи стан“, што ќе започне следната недела, во четврток, на 16-ти април доаѓа во Охрид.

Ќе се одржи презентација во општината во Охрид во 17:30 часот и потоа караванот продолжува секој нареден четврток во друг град.

Сите заинтересирани граѓани може да ги посетат презентациите и да се информираат за субвенцијата за купување сопствен дом. Министерството за финансии ќе ги презентира пред граѓаните можностите и поволностите од проектот со субвенција од Владата да се обезбеди сопствен дом. Караваните низ поголемите градови се поради големиот интерес кај граѓаните за проектот и со оглед на тоа што една третина од одобрените барања се од внатрешноста на државата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука