Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

17-годишен скопјанец повреден со остар предмет на концерт во Охрид

Охрид, 1. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 31-ви јули 2019 година, во 01:30 часот, на СРЦ „Билјанини извори“, за време на одржување на концерт, забележано е повредено лице кое веднаш е префрлено во Општа болница Охрид.

– По преземени мерки констатирано е дека се работи за 17-годишно лице од Скопје со евидентирани повреди од остар предмет. Се преземаат мерки за расветлување на настанот, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука