Избор Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

ГДУ: Во Охрид има тотално беззаконие, а за сето тоа со дозвола на градоначалникот

Охрид, 3. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Изминатиов период бевме сведоци на многубројните манипулации и ветувања од страна на градоначалникот, кој како одминува времето само докажува дека е една партиска марионета, која одработува само за партијата и партиските интереси, а додека останантите граѓани се фрлени во заборав, реагираат од огранокот на Граѓанско Демократската Унија од Охрид.

– Изненадени сме од фактот дека концесиите со плажите сѐ уште висат во воздух, а пак моќниците и приврзаниците на градоначалникот го злоупотрепуваат тоа и ги користат плажите како да се нивна сопственост. Имено, деновиве пристигна и новата цена за паркинг околу Градиште и пристапот до плажите. Пристапот до плажите е се потежок и потежок, а цената за тоа ја плаќаат само охриѓани. Излегува дека најголемите туристи во градот се токму охриѓаните кои се приморани да ги плаќаат тие високи цени, секако ако сакаат да имаат пристап до истите. Но тоа не е се. На многу други плажи е скоро невозможно да пристапиш, бидејќи таканаречената урбана опрема (лежалки, маси, столови, импровозирани шанкови) ја има окупирано речиси секоја плажа во Охрид, а освен тоа се наплаќаат и лежалки кои се поставени без никакво одобрение, а сето тоа му е добро познато на градоначалникот. За жал, во Охрид има тотално безредие и беззаконие, а за сето тоа дозвола дава нашиот градоначалник, на кој по се изгледа му се најважни коктелите, прославите и пикниците со партиските војници. Како одминува времето ништо чудно и следната сезона да се наплаќа и пливањето: 100 денари пола саат или целодневна карта 10 евра. Безредие и беззаконие! Како беше тоа за европски Охрид? Градоначалниче ова се повеќе наликува на „Дивиот Запад“!
Проблемите во градот растат ли растат, но никако да се презме нешто во врска со истите и да почнат да се решаваат. Пред извесен период градоначалникот бараше планови, скици, мораториум и што ли уште не и повторно ништо, но како одминува времето се е појасно дека некој „купува на време“. Околу дивоградбите се спремаат предавање на ингеренциите, а ако се продолжи со купување на време тогаш најверојатно како што се закани премиерот ќе ги одземе сам, ако се продолжи со ова темпо. Охрид трчат, ама градоначалников ни спиет. И за крај од името на ГДУ-Охрид и на нашите сограѓани го замолуваме градоначалникот да се разбуди од зимскиот сон и конечно да постапува по законот, а не по партиските барања. Веднаш да се преземат итни мерки и да се отстрани целата урбана опрема каде што е поставена нелегално и без никаква документација. Да се запре со секаква наплата на црно и да си одговара секој според законот. Време е Охрид да биде вратен на охриѓани и да се запре со партиското испорачување, реафираат од партијата. (Крај)

извор: ГДУ фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави