Избор Охрид Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Од полицискиот билтен: Физички пресметки во Охрид и Струга

Охрид, 5. август 2019 (ОХРИДПРЕС) -Три случаи на нарушување на јавниот ред и мир носи билтенот на СВР Охрид.

Утрово околу 04:00 часот, на улицата „Марко Нестороски“ во Охрид нарушен е јавниот ред и мир, со физички напад од три лица врз А.А.(19) и С.С., двајцата од Скопје. Напаѓачите употребиле метален предмет. СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот.

Во 03:30 часот, пак, на улицата „Железничка“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Р.З.(32) од струшкото село Делогожда врз Г.Д.(53) од Охрид. Напаѓачот е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 3-ти август во 21;45 часот, во струшкото село Велешта, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.И.(46) и неговиот брат Г.И.(51), двајцата од Велешта. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави