Избор Локална самоуправа

Две нови локации за бесплатен интернет во Охрид

Охрид, 6. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во согласност со Годишната програма на Секторот за туризам и локален економски развој на општина Охрид, поставена е опрема и пуштен е во употреба Hot Spot бесплатен интернет на уште две нови локации пред црквата „Света Софија“ и на кеј „Македонија“ во Охрид.

Минатата година Hot Spot бесплатен интернет беше поставен на плоштад „Св. Климент Охридски“, на плоштад „Крушевска Република“ и на локалитетот „Плаошник“.

На овој начин посетителите, туристите, ќе имаат можност бесплатно да користат WiFi интернет со цел добивање на информации за туристичка понуда, календар на настани, манифестации, новости и услуги на градот.

Од Секторот за туризам и локален економски развој изразуваат голема благодарност до Н.У. Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј-Охрид и МПЦ- Охридска архиепископија, за соработката околу поставувањето на интернет опремата. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави