ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија ТОП ВЕСТИ

Италијанска La Verità објави видео на кое Бoки 13 му објаснува на Орце Камчев кога и како ќе биде ослободен (Видео)

Скопје, 8. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Италијанските медиуми објавија видео од моментот кога Бојан Јовановски и Зоран Милески Кически со полна торба пари излегуваат од домот на бизнисменот Орце Камчев.

Италијанскиот весник La Verità утрово го објави видеото на кое јасно се гледа броењето на парите, како и излегувањето на Боки 13 и Зоки Кически од кај Орце Камчев. Притоа е пуштен и дел од разговорот меѓу Орце Камчев и Бoки 13, на кое Боки му објаснува на Камчев дека понеделник, најдоцна вторник ќе биде ослободен.

Бојан 13: Во понеделник ќе ве ослободат
Орце: Добро
Бојан 13: Вторник најкасно веројатно. Врховен ќе ве ослободи.
Орце: Врховен, не може да дојде до врховен до понеделник
Боки 13: Да, тогаш ќе дојде. Нема да употреби СЈО вонредни правни лекови, нема ништо да употреби
Орце: А Апелација?!
Боки 13: Па Апелација ќе ве одбие. Вие се жалите во Апелација, да бидете спремни. Врховен се жалите, како втор спремен. Начелното правно лице и советот се повикова автоматски. Нема да употреби Катица никакви вонредни правни лекови да го прудужува, да го удолговлекува, понеделник вторник вие сте на слобода. (Крај)

извор: LaVerita/Република фото/видео: LaVerita

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави