Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Утре и задутре Фестивал на вино и сирење во Охрид

Охрид, 8. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – По традиција и годинава во Охрид ќе се одржи Фестивалот „Вино и сирење 2019”.

Фестивалот ќе се одржува утре и задутре, 9-ти и 10-ти август на плоштадот кај Чинарот.

Македонските винарски визби, млекарници и индивидуални производители на сирење ќе имаат можност да ги изложат своите производи.

Овој фестивал нуди одлична можност и за локалните производители на вино и сирење да ги презентираат своите производи на пазарот. Во основа овој фестивал претставува своевиден мини саем на кој се презентираат виното и сирењето како дел од традиционалната македонска гастрономија, а заради неговата корисност се очекува да прерасне во значаен туристички настан во Охрид.

Ваквиот тип на претстваување е одлична можност за презентација на новите техники на маркетинг и продажба, поттикнување на партнерски врски и воведување дополнителни стимулативни мерки.

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави