Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Охридскиот Завод и музеј дел од меѓународниот проект „ЕКСПЛО“ за дендрохронолошка анализа на културното наследство

Скопје/Охрид, 9. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во периодот од јуни до август 2019 година започна со реализација проектот „ЕКСПЛО“/„EXPLO“(Exploring the dynamics and causes of prehistoric land use change in the cradle of European farming).

Истиот е во партнерство меѓу Универзитетот во Берн, Универзитетот во Оксфорд и Универзитетот во Солун, а во коj учествуваат Музејот на Република Македонија, Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид и Центарот за истражување на предисторијата. Меѓу останатите активности, проектот има целда го имплементира методот на дендрохронологијата, односно дендрохронолошката анализа во Македонија. Истражувањето се концентрира на примена и промовирање нови методи за проучување, датирање и заштита на македонското културно наследство, и тоа особено преку дендрохронологијата како научна алатка при датирањето на предметите и објектите изработени од дрво.

Со овој метод во иднина ќе се овозможи мошне прецизно датирање на музејските предмети изработени од дрво како што се иконите, алатките, садовите, мебелот, инструментите исочуваните дрвени градежни елементиво праисториските, античките и средновековните објекти.

Во тековните фази на проектот беше истражувана праисториската наколна населба во Заливот на коските на Охридското Езеро, при што се добија првични сознанија за распоредот на колците, покуќнината и вегетацијата во и околу локалитетот, што во натамошните фази на лабораториските истражувања можат да дадат податоци за точното време на настанување и функционирање на локалитетот, како и за исхраната и секојдневниот живот на луѓето што живееле во неа.

Имајќи го предвид големиот број дрвени предмети во своите збирки, Музејот на Република Македонија и останатите музеи во земјата со своето учество во овој проект ќе придонесат во прецизното датирање накултурното наследство во Македонија.

Проектот, исто така, вклучува и обука на македонски дендрохронолог кој во иднина ќе реализира континуиранои сеопфатно датирање на културното наследство изработено од дрво. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави