Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

„Вински Тераси – Охрид“, врвен вински настан во ресторан „Канео“

Охрид, 10. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Македонската Асоцијација на Сомелиери – МАСОМ, денес од 18:00 часот во ресторанот „Канео“ во Охрид ќе се оддржи вински настан.

Дел од македонските винарии (Тиквеш, Стоби, Камник, Далвина, Езимит, Венец, Вирго, Сопот, Пуклавец, Брзанов) ќе ги претстават своите вина на домашните и странските туристи, со цел промовирање на македонското вино како дел од туристичката понуда во Охрид во екот на летната сезона.

– Она што е ново за Охрид е тоа што за прв пат вакво претставување ќе се спроведе во сомелиерски манир, како што доликува на македонските вина. Имено гостите ќе имаат можност преку симболична влезница да дегустираат 100-тина вина по свој сопствен избор. Изложените вина ќе бидат од квалитетни до вина од премиум сегментот, правилно послужени, следиени со стручни информации околу карактеристиките, сортите и македонските виногорја. Секако, не случајно е одбран и ресторанот „Канео“, кој патем широкоградо го прифати овој проект. Да се размислува „надвор од кутијата“ е предизвик, но и нешто што ја води гастрономијата напред, Во тоа светло и ќе се претстави тимот на „Канео“ кој е задолжен за гастрономскиот дел. Настанот е насловен „Вински Тераси – Охрид“ , со цел да се потенцира тесната врска помеѓу „лозовите тераси“ како микролокации од каде најчесто доаѓа најкавлитетното винско грозје до винските тераси“ од сегментот на ресторатерството и хотелиерството каде тие вина треба да се понудат на
посетителите во туристичките дестинации на соодветен, правилен начин. Вакви вински настани треба да станат традиција по нашите туристички места. Претставувањето на македонското вино на странските пазари треба да го ставиме во еквилибриум со домашниот пазар, особено во туристичките оази како што е Охрид. Гастрономијата пак да ја насочиме кон традиционалната кујна комбинирана со модерни техники. Имаме што да понудиме, но не очекува многу работа за што се чуствуваме навистина спремни, порачуваат од МАСОМ.

Бројот на местата е ограничен, а влезницата чини 600 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави