Избор Струга Хроника

Возило се запали на патот Дебар-Струга

Струга, 10. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 9-ти август 2019 година, околу 04:40 часот, на крстосницата од регионалниот пат Р1201 Дебар-Струга и патот за село Вевчани, настанал пожар во патничко моторно возило „Пежо 306“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 33-годишниот Џ.Ш. од струшкото село Лабуништа.

– Имено, додека Џ.Ш. возел, забележал чад од предниот дел на возилото, по што возачот и патниците излегле надвор од него. Потоа било зафатено со пламен, а интервенирала и противпожарната единица од Струга. Извршен е увид на местото на настанот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави