Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево и многу топло време со температура до 35. степени

Охрид, 12. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес во Охрид ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб ветер од источен правец.

УВ индексот има вредност 9, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 35. степени.

– До среда ќе се задржи сончево и многу топло време со натпросечни температури на воздухот. И понатаму ќе биде активирано жолто, а за некои региони портокалово ниво на опасност од високи температури и УВ зрачење. Во среда попладне и во четврток ќе има зголемување на облачноста проследено со локален пороен дожд и грмежи. Од четврток ќе има и намалување на температурата, најпрво во северните делови, а од петок и насекаде низ земјава, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука