Бизнисите и граѓаните должат над 160 милиони евра за даноци и придонеси
Скопје, 12. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави новата листа на должници која е зголемена за 716 нови кои не ги платиле даноците и придонесите.
На листата се 2.013 должници – правни лица и 2.509 физички лица. Тие вкупно должат 160,3 милиони евра (9.855.487.876 денари) Од него за даноци и придонеси отпаѓаат 157,8 милиони евра (9.704.800.807денари), додека за неплатени царински давачки е 2,5 милиони евра (150.687.069 денари).
На Листата традционално се најдоа државни и јавни претпријатија, нови и стари загубари меѓу нив: Македонската радио телевизија, комунални претпријатија од неколку општини како и Општина Карпош, Трасмет, Повардарие, Те-То. (Крај)
извор: Плус инфо фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |