Избор Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто градоначалникот Георгиески свесно ги остави средствата од образование и детска заштита за извршување?

Охрид, 12. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Катастрофална е состојбата во образованието. Нема ништо од најавениот инвестициски бум, ниту од грижата за најмладите, истакна на денешната прес конференција Сашо Донев, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Локалната власт на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески тоа го докажа уште со ребалансот кога имавме драстични кратење на милионски суми и пренамена за враќање стари обврски. Да биде трагедијата поголема од последните извештаи се гледа дека и од тие скратени средства во образование и детска заштита најголемиот дел се дозволило да бидат повлечени (извршени) од добро познати доверители. Зошто градоначалникот Георгиески свесно ги остави средствата од образование и детска заштита за извршување? Зарем мораше од фирма која и без тоа има најмногу вратен долг годинава? Не чувствувате барем ни малку срам затоа што санитарните јазли во училиштата се во очајна состојба, а просторните услови само се влошуваат? Зарем не Ви беше доволно враќањето милиони, па сега моравте да скратите и од најмладите во образованието и детската заштита? Додека превозните услуги се зголемија за цели два милиони денари во основно образование, од предвидените капитални расходи во основно образование се скратија неверојатни седум милиони денари, а во средно образование дури три милиони денари. Локалната власт и градоначалникот Георгиески ги ставаат бизнис интересите над грижата за најмладите, истакнаа од партијата. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ВМРО-ДПМНЕ

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави