Забава Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Центарот за култура во Охрид ја претапацирале влезната врата и преку соопштение за успехот ја запознаа и јавноста

Охрид, 12. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Од Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид ја претапацирале влезната врата, по што почувствувале потреба за истото, преку соопштение до медиумите, да ја запознаат и пошироката јавност.

Во дописот се наведува и дека биле поставени и две нови инвертер клими во малата сала, а за поголема веродостојност, во дописот доставија и соодветни фотографии од истите.

No photo description available.

Одговорните во Центарот тврдат дека „со поставувањето на климите се подигнува нивото на услугите, подобрување на условите за работа на бројните облици на дејствување и активности, како и нормално функционирање, квалитетно извршување на секојдневните работни задачи, активности на вработените од Центарот за култура.“

Со претапацираната влезна врата од големата кино сала, од Центарот додаваат дека „се добива подобра звучна изолација, подобар изглед и поинаква физиономија на просторот.“ (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Центар за култура Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави