Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

МЈП „Проаква“: Водата да се користи рационално, во делови од градот има недостиг

Охрид, 13. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Од МЈП „Проаква“ – Струга, РЕ „Водовод“ – Охрид апелираат до сите корисници за рационално користење на водата и истата да не се користи за наводнување на паркови, градини и миење на автомобили.

Ова се однесува посебно на повисоката зона на градот – селото Лакочереј, населбата Видобишта, село Лескоец – Скребатска мала и селото Велгошти.

– Поради високите температури и сушниот период се соочуваме со недостиг на вода, иако сите извори на водоснабување работат со полн капацитет. Во тек се засилени контроли на места каде се наводнува, па се предупредуваат сите корисници, кај кои на лице место ќе се затекне водомерно броило со недостатоци (нема или е оштетена пломба, оштетен е механизам и сл.) или без водомерно броило, дека против нив ќе бидат поведени судски постапки, кои подлежат на кривична одговорност, информираат од МЈП „Проаква“ – Струга, РЕ „Водовод“ – Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави