Избор ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Пожарот во Велмеј конечно ставен под контрола

Охрид, 13. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Екипите на охридската противпожарна единица, кои од утринава се на терен во атарот на селото Велмеј, каде завчера изби пожар кај месноста „Бајам“, велат ситуацијата е под контрола.

Пожарникарите постојано се на терен, а вчера во гаснењето на пламените јазици учествуваа и посебните авиони на ДЗС.

Жителите се вознемирени и апелираат на помош во насока да не се случи ескалација на состојбата и проширување на пожарот.

Од охридската противпожарна единица за Супер радио и OhridPress велат дека засега состојбата е ставена под контрола. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави