Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Во тек е пријавувањето за меморијалниот турнир во чест на градоначалникот Јован Стојаноски

Охрид, 13. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Спортскиот Центар „Климент Колески“ во соработка со општина Охрид оваа година ќе организира меморијален фудбалски турнир во чест на прерано починатиот градоначалник на Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски.

Пријавувањето на екипите започна вчера и ќе трае до 18-ти август во СЦ „Климент Колески“ на Булевар „Туристичка“ во Охрид. Турнирот ќе започне во вторник на 20-ти август, а сите заинтересирани дополнителни информации можат да добијат на телефонот: 078/665-667.

За учесниците се обезбедени и вредни награди. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави