Спорт

Уште еден пех за САД, Кал Лаури не патува за Кина

Њујорк, 13. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Од репрезентацијата на САД отпадна и плејмејкерот кој со Торонто стана шампион на НБА откако не успеа да се опорави од повредата на коленото.

Кал Лаури минатиот месец го оперираше коленото на левата нова и не успеа на време да се опорави па отпадна од списокот на патници за претстојниот Мундијал во Кина.

„Очекував дека ќе успеам да се рехабилитирам, но лекарите ми рекоа дека сѐ уште не смеам да играм. Уживам да играм за репрезентацијата, но овој пат мора да откажам. Од дома ќе навивам за моите соиграчи“, се обрати кошаркарот преку својот Instagram профил.

Откажувањето на Лаури е последно од низата кои му создаваат главоболки на селекторот Грег Попович. Најпрво Леброн Џејмс уште во април го откажа настапот, а потоа следеа Џејмс Харден, Ентони Дејвис и Кавај Ленард. Неизвесен е и Маркус Смарт кој има проблеми со задната ложа.

Репрезентацијата на САД моментално е на подготовки во Калифорнија каде в петок во Анахaјм ќе одигра пријателска со Шпанија. Потоа ќе се упати кон Австралија на последните контроли против домаќинот и Канада пред заминувањето за Кина. (Крај)

извор: Кајгана фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави