Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Беџети: Заев ми вршеше притисок да влијаам на членови на Судски совет за да се смени претседател на суд

Скопје, 13. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети, тврди дека премиерот, Зоран Заев, му вршел притисок да влијае на членови на Судскиот совет за да биде сменет еден претседател на суд.

На денешната прес конференција во Општината, Беџети зборуваше за платформите на Матка, при што го обвини премиерот дека му се јавил на 17 јули и ургирал преку него смената на претседателот на еден суд да биде завршена до септември, јави Фокус.

Како што рече Беџети, смета дека постапката што ја отвори Антикорупциска комисија против него е затоа што го одбил тоа барање на Заев.

– За мене таа комисија е корумпирана. Сигурен сум дека покренаа постапка против мене поради тоа што одбив да им кажувам на членови како да гласаат, рече Беџети.

Градоначалникот на Сарај најави кривична против претседателката и членовите на Антикорупциска.

На прашање зошто притисоците од премиерот не ги пријавил во МВР или Обвинителство, тој рече бидејќи до сега бил на одмор. (Крај)

извор: Фокус фото: Фокус

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави