Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево и многу топло време со температура до 32. степени

Охрид, 14. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес во Охрид ќе биде сончево и многу топло, а кон крајот на денот на места и особено на северот ќе има зголемување на облачноста.

УВ индексот има вредност 9, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 32. степени.

– Кон крајот на денот и утре на места ќе има зголемување на облачноста со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со појава на град и силен ветер. Утре и задутре температурите ќе се намалат за 5 до 8 степени, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави