Забава Избор

MChat: Македонска апликација за запознавање

Скопје, 14. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Дали досега сте користеле некоја од странските апликации за запознавање помеѓу корисници? Сега имате можност да ја користите и домашната апликација – MChat.

MChat е локациски базирана мобилна апликација која ги прикажува корисниците на мапа и подредени по далечина. Точната локација не се открива поради заштита на приватност и заради безбедносни причини.

Со користење на MChat, корисниците можат да листаат профили на други корисници, да ставаат лајк или дислајк, а кога двајца корисници взаемно ќе стиснат лајк следи совпаѓање и отворање на опцијата за размена на пораки.

Дополнително, корисниците можат да ги следат најновите објави од нивните пријатели и да коментираат на нив, како и да читаат актуелни новости од забавен карактер.

Користењето на апликацијата е бесплатно со можност за дополнителни опции кои што се отвораат за премиум корисници за 1.49 долари на месец. Апликацијата работи на Android и IOS уреди, а може да се симне на следниве линкови: Google Play (Android) и App Store (iOS).

извор: Факултети фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави