Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Васил Јанкула со нов подвиг, кружна тура околу Охридското езеро

Охрид, 14. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Преспанскиот херој, момчето кое со церебрална парализа успеа да извози 800 километри на трицикл низ Македонија, денес со нов подвиг, тој и неговиот тим се на кружна тура колу Охридското езеро.

Трасата оди од Охрид кон Струга, преку Ќафасан до Лин, Поградец, Тушемиште и се заокружува преку граничниот премин Св.Наум, Љубаништа, Трпејца, Пештани и Охрид.
Според најавите планирано е застанување во Пештани кај Даниел Нунески, момчето со хендикеп на кого Васил му го подари трициклот.

Васил Јанкула самостојно и волонтерски се обидува да ги поттикне луѓето со церебрална парализа да веруваат во себе, да се занимаваат со спорт, и да водат поисполнет живот. Неговото мото е „Сите сме исти“ а тоа постојано го докажува на дело. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Пецо Неданов

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави