Избор ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Струга ТОП ВЕСТИ

По Охрид и Струга донесе мораториум за градба

Струга, 14. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – По Охрид и струшките советници денес изгласаа мораториум на градежните активности.

Покрај тоа, советниците го усвоија и акцискиот план со меркит екои треба да се преземат согласно препораките на УНЕСКО.

Со акцискиот план е предвидено да се врати во првобитна состојба просторот окупиран од нелегално изградените плажи на потегот од Струга до Калишта до октомври оваа есен, а ќе се врши и перманентен надзор во насока на спречување на ново уништување на трската од Струга до Калишта.

Се предвидува до октомври следната година да биде целосно затворена и санирана градската дива депонија.

Минатата недела охридските советници донесоа одлука за времен прекин на градежните активности на територијата на Охрид, се во насока на исполнуавање на препораките од УНЕСКО. Охрид и Струга ќе треба да достават отчет до Владата за постигнатото во претстојниов период.

Одговорните имаат време до први февруари да ги исполни сите 19 препораки или во спротивно на следната сесија во јули ќе заврши на листата загрозени подрачја. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави