Забава Избор

Инстаграм воведува функција за обележување лажни вести

Лос Анџелес, 16. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Инстаграм воведува функција за пријавување и обележување лажни вести.

За да се пријави одредена содржина, ќе треба да кликнете на трите точки во горниот десен агол и да обележите „несоодветно“ или „лажно“, коешто се однесува на објавата.

Содржината може да биде означена како лажна вест, по проверка на тимот на Инстаграм задолжен за тоа.

Претставничката на компанијата, Стефани Отвеј нагласи дека објавите со таква ознака нема да бидат целосно отстранети, но нивното распространување, со помош на хаштагови, на пр., ќе биде минимализирано.

Инстаграм е бесплатна платформа за споделување слики и видеоснимки којашто нуди опции за нивно уредување и споделување на други социјални мрежи. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави