Спорт

Ѓоковиќ избори четвртфинале во Синсинати

Синсинати, 16. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ стигна до четвртфиналето на турнирот во Синсинати, САД.

Србинот ноќеска го совлада Шпанецот Пабло Карено Бусто со 2-0, по сетови 6:3 и 6:4.

Следен противник на Ѓоковиќ ќе биде Лук Пуи од Франција.

Наградниот фонд на престижниот турнир во Синсинати изнесува шест милиони долари. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави