Спорт

По 17 години, во Демир Капија повторно се организира натпревар во кајак на диви води

Демир Капија, 16. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – По пауза од 17 години, возобновениот ККК „Просек” Демир Капија во соработка со општината Демир Капија и Кајакарската Федерација, организира отворен Куп во кајак на диви води – слалом.

Настанот ќе се реализира на 25 септември, а задоволство од враќањето на традицијата крај железната порта, со цел промовирање на демиркаписките природни богатства како реката Вардар, но и спортот како здрав начин на живот, изрази и градоначалникот Лазар Петров.

– На ова првенство ќе имаме можност да гледаме голем број на кајакари од Македонија и од соседните држави. Доделувањето на наградите ќе биде во центарот на Демир Капија. Очекуваме голем број на гости од земјава и странство, да ја почувствуваат демиркаписката гостопримливост. Впрочем, за неа говори и зголемениот број на туристи во Демир Капија, за МИА нагласи градоначалникот.

Тој потсети дека општината со која раководи отсекогаш имала кајакарски потенцијал, а кајакарството како љубов се пренесува од генерации на генерации. (Крај)

извор: Локално фото: архива

 

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави