Избор Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ на власт здравството тоне, со месеци не работи лифтот на Интерно и Педијатрија

Охрид, 16. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Откако СДСМ е на власт здравството од ден на ден тоне. Во ЈЗУ „Општа Болница“ во Охрид веќе месеци не работи лифтот во стариот дел каде што се Одделот за интерна медицина и Одделот за педијатрија, обвинуваат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Дали за директорката Славица Малеска-Стојадиновиќ и менаџерскиот тим пациентите треба да се носат на раце по скали до одделенијата? Зарем во 21 век пациентите на оваа здравствена установа тоа го заслжуваат? Дали за СДСМ ова значи достоинствено место за лекување и медицинска здравствена заштита на највисоко ниво? Апелираме веднаш лифтот да биде ставен во функција и здравјето на пациентите во прв план. За евентуалните последици по здравјето на граѓаните раководството на Болницата треба да знае дека ќе има одговорност. Ова е класичен доказ за несовесното раководење на Болницата од страна на власта на СДСМ на којашто воопшто не и е приоритет здравјето на граѓаните. Останаа само празни зборови ветувањата на СДСМ за квалитетно јaвно здравство по теркот на европското, стои во дописот до медиумите. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави