Избор Култура Струга ТОП ВЕСТИ

Во среда започнува годинешното издание на Струшките вечери на поезијата

Струга, 18. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Се’ е подготвено за годинешното издание на поетската манифестација „Струшки вечери на поезијата“.

Фестивалот започнува во среда, на 21-ви август, а сите настани ќе се одржат во Струга.

– Програмата за првиот фестивалски ден предвидува садење дрво и поетско читање во чест на добитникот на „Златен венец“ на СВП за 2019 година, романската поетеса Ана Бландијана. Настанот ќе се одржи во 10:00 часот во „Паркот на поезијата“. Во Конгресната сала на хотелот „Дрим“ од 12:00 часот ќе се одржи конференција со Ана Бландијана, а еден час подоцна на истата локација ќе биде отворена изложбата „Обоена колекција на радост“ на Сашо Блажес. На платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, од 20:30 часот ќе започне церемонијата на официјално отворање на Струшките вечери на поезијата за 2019 година, по што од 21:00 часот ќе започне Меѓународното поетско читање „Поетски меридијани“, информираат организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави