Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Охридска промоција на книгата „Macedonians in the world“ од Славе Катин

Охрид, 16. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во Прличевата одаја при НУ „Григор Прличев“ во Охрид, денес напладне ќе биде промовирана книгата „Macedonians in the world“ (Македонците во светот) од македонски новинар и публицист, Славе Катин.

Славе Катин и’ е познат на македонската и на меѓународната јавност по неговите бројни публикации, новинарски и научни трудови кои се посветени, главно, на етничка Македонија и на животот на Македонците во дијаспората. Покрај 55-те публикации, во период од педесет и пет години Катин е автор и на повеќе од 100 научни трудови од различни области и на над 3.000 новинарски и други текстови објавени. Тие, главно, се однесуваат на Македонија, иселеништвото, религијата, културата, македонскиот јазик и литература и други области.

Делото „Macedonians in the world“ е плод на неговите патувања по светот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави