Избор Струга

И годинава ќе се одржи струшката манифестација на прославување на Христовото воскресение

Струга, 14. април 2015 (ОХРИДПРЕС) – Веќе 12-години се одржува традицијата на прославување на најголемиот христијански празник Велигден – Воскресение Христово во Струга, преку манифестацијата за избор на највелигденско јајце.

На 19 април во Струга со посебна програма ќе се одржи избор на најубаво велигденско јајце.

На овој настан учество можат да земат сите заинтересирани верници од православната вероисповед.

На самиот почеток сите оние кои се љубители на цртање и украсувањето од 13-15 часот ќе можат да цртаат и украсуваат јајца во духот на православието.

Додека пак во 19 часот во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга ќе одржи беседа Отец Стефан Санџакоски, а потоа публиката ќе може да ги проследи настапите на хорот „Калистрат Зогравски“ и драмско студио „Миладин“.

Организаторите на настанот за најдобрите ракотворби кои ќе бидат доставени најдоцна до 18 ти април најавуваат симболични награди. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука