Економија Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Нова цена на дизелот, стара на бензините

Скопје/Охрид, 19. август 2019 (ОХРИДПРЕС) -Следнава недела дизелот ќе се точи по нова, бензините по стара цена.

Регулаторната комисија за енергетика го објави новиот ценовник за нафтените деривати што ќе стапи во сила од ноќеска по полноќ.

Според новиот ценовник, бензините Еуросупер БС– 95 и Еуросупер – 98 остануваат исти како и минатата недела,  односно ќе се продаваат по цена од 66,50 и 68,50 денари. Дизелот пак поскапува за половина денар и ќе се точи за 60,50 денари.

Ценовникот ќе остане во сила до следниот понеделник. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави