Избор Струга ТОП ВЕСТИ

Откриена Спомен бистата на Михајло Пупин – Идворски во Вевчани

Вевчани, 19. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Денес се одржа свечениот настан на кој беше откриена Спомен бистата на Михајло Пупин – Идворски, во центарот на општина Вевчани.

– Она што не обединува и не поттикнува е фактот дека Вевчани, Македонија и Идвор – Ковачица, Србија имаат воспоставено драгоцена и за почит соработка, која не повикува и во иднина да ја негуваме и надградуваме, а се темели врз научното и хумано дело и споменот на светскиот научник, Михајло Пупин – Идворски, порача на неговниот профил на Facebook Сашо Јанкоски, градоначалник на општина Вевчани.

Image may contain: 4 people, people smiling, people standing, shoes and outdoor

Image may contain: 3 people, beard, tree and outdoor

На настанот присуствуваа проф. др. Павле Митрески, гости од неговиот роден Идвор и Ковачица, претставници од фондацијата „Младен Селак“, како и г-динот Слободан Симиќ од Белград. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Сашо Јанкоски

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави