Забава Избор

Марија Спасовска прогласена за „Најдобар пејач“ на фестивалот за филмска музика „Тра ла ла“

Битола/Охрид, 20. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Минатата недела во Охрид се одржа Интернационалниот фестивал за филмска музика „Тра ла ла”, каде нашата земја ја претставуваше и Марија Спасовска, која воедно беше наша овогодишна претставничка на Детската Евровизија.

Таа беше најмладата натпреварувачка на фестивалот во конкуренција од 28 кандидати од 21 земја.
Настапи со композицијата „Reflection од Mulan”, што ѝ обезбеди уште едно признание, овојпат за „Best singer”.

„Интернационалниот фестивал заврши, стекнав нови искуства и ја збогатив мојата биографија со уште еден пехар и диплома „Best singer“. Ви благодарам што ме поддржувате, ве сакам сите. Продолжувам да сонувам и остварувам”, напиша Марија на својата фан страна по завршувањето на фестивалот. (Крај)

извор: Fashionel фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави