Забава Избор

EasyJet отвори библиотека за своите патници

Лутон, 20. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Авиокомпанијата „Изи џет“ (EasyJet) им овозможи на патниците да позајмат книга со приказни додека се во авион со своите деца.

Компанијата обезбеди 60.000 книги и ги распредели на 300 летови. Книгите се наоѓаат во џебовите на задниот дел од седиштето.

– Сакаме да создадеме иницијативи наменети за семејства кои летаат со нас за да ги забавуваме, но и да им олесниме на родителите. Се надеваме дека нашите патници уживаат во приказните – изјави директорката на кабинскиот екипаж Тина Милтон.

Новата програма вклучува и терминална забава за оние кои летаат од аеродромот Литон. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави