Избор Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Знае ли директорот на ЦК „Григор Прличев“ Горан Симоновски дека речиси половина од вработените не доаѓаат на работа?

Охрид, 20. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Културата и културните содржини во Охрид ниту со Константин Георгиески, ниту со Зоран Заев одат напред, порача на денешната прес конференција Перчо Божиновски, портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Во НУЦК „Григор Прличев“ е катастрофална состојбата во програмското управување и менаџирањето со човековите ресурси и вработени во институцијата. Дали за директорот Горан Симоновски стручно управување значи да се дискредитира работната етика, професионалност и еднаквост кај вработените? Зошто во повеќето одделенија речиси половина од вработените не доаѓаат и не се повикуваат да се појавуваат секој ден на работа без никакво образложение од страна на раководството на установата? Од друга страна вработените во Одделението за техничка служба се организираат во работа на смени. Зошто на оваа категорија вработени огромен дел од своето работно време им се наложува да вршат други работи кои не кореспондираат со опусот на нивните работни задачи? Нели ваквиот однос индицира на еклатантен облик за притисок врз вработените и покрај нивната континуирана професионална работна ангажираност при работниот процес? ВМРО-ДПМНЕ бара од Министерството за култура и Министерството за труд и социјална политика – Државен инспекторат за труд, подрачно одделение – Охрид да спроведат:
Проверка на работната евиденција на сите вработени во Установата, Обезбедување еднаков третман согласно работните компетенции и задолженија на сите вработени во Установата, Заштита од несоодветни работни задолженија, спротивни на нивните работни квалификации и компетенции за време на работното време и процес во НУЦК „Григор Прличев“ од Охрид. За Власта на СДСМ која ветуваше живот за сите, не важат приципите на солидарност, еднаквост и работна етика, порачаа од партијата. (Крај)

извор: ВМРО-ДПННЕ фото: ВМРО-ДПМНЕ

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави