Избор

Есенски циклус подготовка за полагање TOEFL во Црвен крст Охрид

Охрид, 21. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Поради големиот интерес на охриѓани Црвен крст Охрид започнува нов, есенски циклус на подготовка на кандидати за полагање на TOEFL (Test of English as a Foreign Language).

Подготовката ќе се реализира во вид на часови, ќе започне на 5-ти септември, а ќе ја спроведува волонтер на Мировен корпус Македонија, кој работи во организацијата на Црвениот крст Охрид.

TOEFL (Test of English as a Foreign Language) е најраспространет и светски прифатен тест за проверка на знаењата за англискиот јазик. 9.000 универзитети, колеџи, агенции го признаваат тестот и тоа во 130 земји ширум светот вклучувајќи ја и Македонија. TOEFL е тест кој исто така се користи за докажување на познавањето на англискиот јазик за државната администрација во Македонија.

Заинтересираните кандидати можат да се пријават во просториите на Црвен крст Охрид, на телефон 046/262-706 и 070/315-309 или на е-маил ohrid@redcross.org.mk или да дојдат на првиот промотивен час во просториите на Црвен крст Охрид, на 5-ти септември од 19:00 часот.(Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

 

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави