Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Езерото на ниво над просекот за август, денес на кота од 693,42 м.н.в.

Охрид, 21. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро денес е над просекот за овој месец.

Според денешните мерења на УХМР, водостојот е на котата од 693,42 метри надморска височина, односно осум сантиметри над просечното ниво за август што изнесува 693,34 м.н.в.

Топлото време ја покачи и температурата на езерската вода, според денешните мерења изнесува 24 степени.

Според најавите на метеоролозите до недела ќе се задржи стабилно и топло време. Зголемување на облачноста ќе има во петок и сабота, а од недела попладне и во наредните денови ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави