Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Отворено 12-то издание на Охридскиот хорски фестивал

Охрид, 23. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Синоќа во хотелот „Инекс Олгица“ свечено беше отворено 12-то издание на Охридскиот хорски фестивал.

Годинава фестивалот ќе трае до 26-ти август, а ќе учествуваат 28 хорови од Србија, Хрватска, Романија, Данска, Полска, Турција и Унгарија.
Полека но сигурно охридскиот хорски фестивал зазема се посигурно место на културниот календар во Охрид и заедно со „Охридско Лето“ и „Балканскиот фестивал на народни песни и игри“ станува препознатлив бренд на градот, рече во своето обраќање заменик градоначалникот Ристо Николески.

Традиционално, фестивалот и овој пат ќе има ревијален и натпреварувачки дел, поделен во неколку категории.
Концертите со натпреварувачки карактер како и концертите на духовна, поп и фолк музика ќе се одржуваат во хотелот „Инекс Олгица“ и во католичката црква „ Св. Кирил и Методиј“.

Влезот за сите фестивалски вечери ќе биде слободен. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави