Избор Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Пазарот не е завршен, директорката Крлеска-Деспотоска и градоначалникот Георгиески веднаш да понесат одговорност

Охрид, 23. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Локалната власт на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески не градат едно општество за сите граѓани туку урнисуваат во секоја сфера на општественото живеење, порача на денешната прес конференција Перчо Божиновски, портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Градоначалникот Георгиески и директорката на ЈП „Градски пазар“, Кристина Крлеска-Деспотоска наместо доизградба на затворениот пазар ги оставија граѓаните и пазарџиите, и ова лето без основни и елементарни услови за функцинирање. Зошто не е завршена градбата на затворениот пазар иако истата досега требаше да биде завршена? Свеченото отворање веќе неколку пати се пролонгира, па беше најавено во март од кое нема ни трага, а за скоро ќе помине и целата летна сезона. Зошто се дозволи да биде пробиен рокот за изградба на новиот објект? Што се случи со поставувањето нов покрив, нова фасада и поделба на хала за текстил на две нивоа? Каква е таа комисија што ќе се формира и на кој начин истата ќе склучи Анекс на договорот? Локалната власт на СДСМ и градоначалникот Георгиески со одолговлекувањето на изградбата го доведува во прашање нормалното работење на пазарот. Нема никакво целосно модернизирање на услугите од кои ќе бидат задоволни и купувачите, но и закупците. Нема ниту деловен простор за користење, ниту паркинг места. Ако имаат малку совест треба веднаш да понесат одговорност директорката заедно со градоначалникот Георгиески затоа што ЈП „Градски Пазар“ трпи големи загуби. СДСМ не може да реализира целосно ниту еден проект започнат од ВМРО-ДПМНЕ, а да не зборуваме за нови капитални проекти. СДСМ и Георгиески не создаваат современи услови за работа, подобра клима за развој на стопанството и воопшто не работат во функција и интерес на граѓаните, порачаа од партијата. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ВМРО-ДПМНЕ

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави