Економија Охрид ТОП ВЕСТИ

„Тамаро“ и Витаминка се СУПЕР бренд, одиме во Дизниленд: Забава број 8 во „Тамаро 5“

Охрид, 23. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во „Тамаро 5“ маркетот, денес се одржа осмата забава од новиот МЕГА проект „Тамаро“ и Витаминка се СУПЕР бренд, одиме во Дизниленд!

– Покрај стандардниот начин, преку SMS порака, на барање на нашите потрошувачи, воведовме и нов начин за учество во наградната игра. Во посебно обележаните кутии, кои се поставени во сите маркети во Охрид и Струга, можете да ја одложите фискалната сметка, секако со вашите податоци. Од први јули до крајот на август и ова лето имаме многу забава, многу награди и секако главната награда – патување за двајца во неповторливиот Дизни парк во Париз. Познатиот глумец Горан Стојаноски, кој е заштитно лице на кампањата, заедно со екипата на Супер радио секоја недела Ве дружат во „Тамаро“ маркетите и Ве запознаваат со правилата на наградната игра, кои се навистина едноставни. Покрај новиот начин со кутиите, се’ што треба да направите е да купите „Стоби флипс“ во некој од „Тамаро“ маркетите во Охрид и Струга, личните податоци (име, презиме, телефон и контакт) да ги испратите преку SMS порака, заедно со кодот на фискалната сметка на телефонскиот број 078/308-426. Потоа, очекувајте го големото финале на крајот на август, а во меѓувреме ќе уживаме, ќе се забавуваме и наградуваме секоја недела во поголемите „Тамаро“ маркети, а ќе добиваме и награди на Супер радио, информираат организаторите.

Додаваат дека се подготвуваат и посебни изненадувања за гостите и охриѓани во Центарот на градот и мини забави на кои ќе се доделуваат вредни награди.

Проектот е осмислен од креативниот тим на Супер радио, водечката локална радио станица во државата, од каде ја продолжуваат успешната соработка со „Тамаро“, компанијата која израсна во вистински лидер во својата област во регионот.

Датуми за забавите во „Тамаро“ маркетите:

– сабота, 06.07.2019 година (маркет фабрика „Братство“)

– петок, 12.07.2019 година (маркет „Тамаро 10“ Крст Џамија)

– петок, 19.07.2019 година (маркет АСНОМ)

– петок, 26.07.2019 година (маркет „Туристичка“ – пазар)

– сабота, 03.08.2019 година (маркет фабрика „Братство“)

– петок, 09.08.2019 година (маркет „Тамаро 10“ Крст Џамија)

– петок, 16.08.2019 година (маркет АСНОМ)

– петок, 23.08.2019 година (маркет „Туристичка“ – пазар)

– сабота, 31.08.2019 година, финална забава во маркетот во склоп на фабриката „Братство“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави