Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривични за пет лица кои нападнале скопјани во Охрид

Охрид, 23. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против пет лица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

– На 3-ти август 2019 година, пријавените лица К.Н.(21), Х.Н.(24), А.Г.(23), Х.Т.(23) и Љ.Т.(20), со патничко моторно возило го попречиле движењето на друго патничко моторно возило, управувано од страна на Д.М.(19), во кое сопатници биле Х.Е., М.М. и И.Т., сите од Скопје, при што со предмети удирале по возилото и физички го нападнале М.М., информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави