Охрид го загуби финалето на турнирот во Тузла
Тузла, 24. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Ракометарите на Охрид не успеа да го освојат турнирот во Тузла, БиХ, откако синоќан во финалниот меч претрпеа пораз од унгарскиот Орошази со 28-20 (15-9).
Популарните „Гладијатори“ очигледно со очајната игра во првото полувреме кога му дозволија на противникот да направи разлика од 6 гола и го решија прашањето за победникот во ова финале. Во вториот дел, одиграа малку подобро, но на крајот Унгарците убедливо го добија мечот.
Кај Охрид Блажески со шест голови бил најефикасен, додека голманот на охриѓани, Јагош Брауновиќ на крајот на турнирот во Тузла е прогласен за најдобар чувар на мрежата.
извор/фото: Sportmedia.mk
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |