Избор Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Св. маченици Аникита и Фотиј

Охрид, 25. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници го слават Денот на Св. маченици Аникита и Фотиј.

Свети Аникита беше римски комит, воен великодостојник, во град Никомидија за време на Диоклецијан. Околу 305 година императорот беше дошол во Никомидија и тука нареди општ прогон на христијаните. Свети Аникита не можеше мирно да го гледа страдањето на невините, па застана пред царот и откриено исповеди дека е христијанин.

Неговиот пример го следеше и роднината Фотиј. Двајцата беа ставени на маки, а потоа изгорени заедно со многу други христијани. (Крај)

извор: МПЦ-ОА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави